МУЛТИ СПЛИТ СИСТЕМ
Овој систем овозможува ладење или греење на повеќе простории, односно повеќе внатрешни единици поврзани на една надворешна единица.
Овозможува креирање на систем од неколку различни модели (високоѕидни, конзолни, касетни) со различни капацитети поврзани на ЕДНА НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА на која може да се поврзат од ДВЕ до ПЕТ ВНАТРЕШНИ ЕДИНИЦИ.
Секоја внатрешна единица е независна од останатите, односно секоја може да се контролира според вашите потреби.
Со тоа заштедувате простор на фасадата, добивате помала бучава, а поголема енергетска ефикасност, помала потрошувачка на електрична енергија, околу 30% помалку во однос на моно сплит системите.
Повеќето модели имаат wi-fi контрола.