Топлинските пумпи се најиновативното решение за намалување на потрошувачката на електрична енергија и совршен комфор во вашиот дом.
Со избор на топлински пумпи воздух-вода добивате  греење во зима и ладење во лeто, вентилирање и топла вода во вашиот дом, со посакуваната температура 365 дена во годината.
Со искористување на обновливата енергија која ја нуди природата го минимизирате негативното влијание врз животната средина, а истовремено ги намалувате сметките за електрична енергија, создавајќи совршено ниво на удобност во домот.
Со топлотната пумпа воздух-вода може да ги намалите трошоците за греење и до 70% споредено со греењето на електрична енергија. Топлотната пумпа воздух-вода го користи надворешен воздух кој е бесплатен и обновлив извор на енергија и може да функционира и на екстремни температури.
Аплицирајте за субвенции за енергетско-ефикасни технологии со високи перформанси преку GEFF програмата, повеќе информации на следниов линк https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/