GEFF во Северна Македонија-Грант од 15% до 20%
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ВИСОКО ЕФИКАСНА ТЕХНОЛОГИЈА И АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ГРАНТ ОД 15% ДО 20% ПРЕКУ GEFF ПРОГРАМАТА
Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување, односно поврат на дел од инвестицијата за домаќинства кои ќе одберат сертифицирани производи од ЗОРБА Б ДОО, како ТОПЛИНСКИ ПУМПИ, ВРФ СИСТЕМИ, КЛИМАТИЗАЦИЈА и сл.
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ВИСОКО ЕФИКАСНА ТЕХНОЛОГИЈА И АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ГРАНТ ОД 15% ДО 20% ПРЕКУ GEFF ПРОГРАМАТА
Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување, односно поврат на дел од инвестицијата за домаќинства кои ќе одберат сертифицирани производи од ЗОРБА Б ДОО, како ТОПЛИНСКИ ПУМПИ, ВРФ СИСТЕМИ, КЛИМАТИЗАЦИЈА и сл.
Финансирањето на технологиите исто така ги вклучува и трошоците за помошни материјали, испорака и инсталација до дефинираниот максимален процент од технолошките трошоци.
Финансирањето со GEFF се одвива преку финансиски институции кои ја користат кредитната линија да ги финансираат заемобарателите, по поволни каматни стапки.
Кој ги задоволува условите?
- Индивидуи кои поседуваат или живеат во куќа или стан во кој планираат да ја имплементираат подобната инвестиција.
- Групи на индивидуи, здруженија за домување, здруженија на сопственици на повеќекатни згради или други еквивалентни тела кои ги претставуваат интересите на станарите.
Придобивки од GEFF
- Намалена потрошувачка на енергија преку вградување на енергетски ефикасни технологии со високи перформанси
- Зголемен семеен буџет преку намалени трошоци
- Подобра сигурност на опремата
- Поудобни домови
- Зголемена вредност на недвижнини
- Зачувување на скапоцените природни ресурси
- Намалување на загадувањето
- Поздрава околина
Како да аплицирате?
1 ЧЕКОР
Одберете некој од подобните енергетски ефикасни призводи одобрени од GEFF. Тоа може да го сторите во консултација со нашите професионални тимови.
Побарајте профактура од ЗОРБА Б за избраната опрема
2 ЧЕКОР
Профактурата и сертификатот ги приложувате во банка, заедно со пополнет формулар за апликација од одбраната локална банка партнер во Програмата и приложете го со горенаведените документи.
Локалната банка партнер во Програмата ќе ја процени Вашата подобност за финансирање според GEFF, Вашата кредитна способност во согласност со внатрешните стандарди и процедури на институцијата и дали технологијата наведена во Сертификатот за подобност е наведена во Селекторот на технологија. По позитивна процена, ќе ви биде обезбедено финансирање за одбраната технологија. Износот од профактурата го исплаќате на сметката на ЗОРБА Б ДОО.
3 ЧЕКОР
Од ЗОРБА Б ќе добиете фактура и потврда за инсталација, кои ги приложувате во банка
4 ЧЕКОР
Вашиот проект може да стане една од успешните приказни на GEFF. Ви честитаме!