Сервисот и одржувањето на опремата е една од најважните алки во процесот на работата. Квалитетно и редовно одржување е гаранција за подолг животен век на опремата. Сервисниот тим на ЗОРБА Б е обучен да пристапи брзо и квалитетно кон дијагностицирање и решавање на секој проблем. Во склоп на нашата работа нудиме:
- Превентивно одржување во гарантен рок
- Интервентно одржување и сервисирање вон гарантен рок
- Оригинални резервни делови
- Обука за правилна употреба на опремата
- Техничка поддршка